Печен модар патлиџан- Со малку сос, исчезнува од масата побрзо од месото
Печениот модар патлиџан е еден од оние рецепти што лесно ги менуваат мислењата дури и на најголемите скептици. Крцкавата кора и освежителниот бел сос го прават одличен избор за ручек, вечера или топло предјадење.
Состојки:
2 модри патлиџани
2 јајца
1560 гр. лебни трошки
100 гр. брашни
масло, лсол и бибер по вкус
2 чешниња лук
200 мл. грчки јогурт
100 мл павлака
сок од 1 лимон
1лажица магдонос
Подготовка:
Измијте го модриот патлиџан и исечете го на парчиња дебели околу еден сантиметар. Посолете ги парчињата и оставете ги 20 минути, а потоа избришете ги со крпа.
Секое парче прво извалкајте го во брашно, потоа во изматени јајца и на крај во презла. Наредете ги во плех парчињата модар патлоџан и потурете масло на секое парче. После печење 10 мин превртете ги парчињата на другата страна и печете уште 10 минути. Мдриот патлиџан од двете страни додека не добие златна боја. Извадете го на хартиена крпа за да го отстраните вишокот масло.
Измешајте грчки јогурт, павлака, ситно сечкан лук, сок од лимон, сол, црн пипер и магдонос. Оставете го сосот да отстои неколку минути за да се соединат вкусовите. Сервирајте го пржениот модар патлиџан топол со подготвениот бел сос.








