Дома За нас

За нас

www.tvoezdravje.mk е ваш дневен извор на нови информации за целокупното здравје. Создаденa е да презентира информации пред пошироката јавност на едноставен и достапен начин за современите трендови, научните откритија и препораки поврзани со здравјето и подобрувањето на квалитетот на животот.

На страната исто така, ќе најдете содржина заснована на информации објавени од најнови истражувања од областа на физичкото и ментално-емоционалното здравје, како и препораки што ќе помогнат овие информации да не бидат само „мртва буква на хартија“ - туку двигател на позитивни промени. 

Се надеваме дека на овој начин ќе охрабриме што повеќе луѓе да работат на себе и да го подобрат квалитетот на животот, а со тоа и на сопствените семејства и индиректно нивната околина.

Целокупното здравје го сочинуваат повеќе фактори, физичкото и ментално-емоционалното здравје се спој што се надополнуваат. 

А што е животот? 

Здравјето, физичкото и менталното, како и сите фактори што влијаат врз нив. Затоа покрај овие области додадовме и теми поврзани со животот, убавината, исхраната, виталноста, како и патувањата… 

Посебно внимание посветуваме на темите за родителство како важен дел од животот на секоја жена и маж. Ние избираме за вас што е квалитетно, убаво, модерно и ново, но во исто време и достапно, прифатливо и релевантно, но и традиционално.

Затоа што утрешното здравје започнува денес.

Ако најдете нешто на нашата страна што ќе ве заинтересита или научите нешто корисно за здравјето, тогаш нашата мисија е исполнета.

Ние се стремиме да одржуваме интерактивна комуникација со читателите и среќни сме кога ќе ги изнесетен вашите впечатоци, или преку коментари во статии или преку е-пошта.

Наш контакт на:
contact@tvoezdravje.mk

Ви Благодариме!