Дома Uncategorized @mk Слатко задоволство: Грчка ледена торта

Слатко задоволство: Грчка ледена торта

1673
0

Вкусно слатко, подготвено за 15 минути. Ништо не се пече и се топи во уста.

Состојки:

250 гр мелени интегрални бисквити

100 гр маргарин

400 гр чоколадо за готвење

200 гр крем сирење

100 гр бело чоколадо

400 мл слатка павлака.


Подготовка:

Во тавче растопете го маргаринот и додадете ги мелените бисквити и измешајте. Месете ја смесата со рака додека не се соедини, па премачкајте ја во кружен калап обложен со пластична фолија.

Чоколадото искршете го и оставете го да се растопи. Додадете слатка павлака и измешајте. Кога
чоколадото ќе се растопи, тргнете го од оган, додадете го крем сирењето и мешајте додека смесата не се соедини. Префрлете го во сад за матење и матете со миксер додека не стане пенеста, па прелијте со кората од бисквитот и оставете да се излади и стегне.

Белата чоколада искршете ја и растопете ја со малку масло, па прелијте ја врз колачот. Вратете го во фрижидер добро да се излади. По желба украсете со малку кокос, или рендано бело или темно чоколадо.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име