Дома Здравје Брзо ослободување од запек: Природни лекови што ги имате во вашата кујна...

Брзо ослободување од запек: Природни лекови што ги имате во вашата кујна кои навистина помагаат!

1220
0

Проблемите со запек може да се решат со лаксативи, а природните препарати можете сами да ги направите и да се ослободите од непријатните симптоми.

Кафе

Кофеинот е природен стимуланс за дигестивниот систем, па шолја кафе добро ќе ви дојде доколку имате проблеми со запек. Сепак, не претерувајте, бидејќи премногу кафе може да има спротивен ефект. Доволно е да испиете две шолји кафе во текот на денот.

Сода
Сода бикарбона е одличен лек за запек и стомачни проблеми. Растворете една лажичка сода бикарбона во 1/4 чаша топла вода и испијте.

Храна богата со растителни влакна
Здравата исхрана е многу важна за да се спречи запек. Сепак, дури и некои здрави намирници можат да придонесат за запек, па затоа е добро да пиете доволно вода. Храна која поволно влијае на работата на цревата се: мешунките, лебот од цело зрно, кајсиите, бобинки, круши, сливи, јаболка, јаткасти плодови, компири…

Маслиново масло
Освен што е здраво и вкусно, маслиновото масло може да ви помогне да го решите проблемот со запек. Наутро испијте една кафена лажичка маслиново масло, а најдобро делува ако се земе на празен стомак. Можете да додадете и малку сок од лимон за да го подобрите вкусот, бидејќи лимонот е одлична помош и за запек.

Сливи
Веројатно најпознат природен лек против запек се сливите. Ова овошје е многу ефикасно бидејќи содржи многу влакна и сорбитол, природен шеќер. Сепак, бидете внимателни, премногу сорбитол може да предизвика гасови. За ублажување на симптомите, испијте чаша сок од сливи (или компот од сливи) наутро и една чаша навечер. Сливите може да се јадат свежи или суви.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име