Дома Твој готвач Секогаш ќе испаднат совршени: Направете ги најнежните палачинки досега со овој трик

Секогаш ќе испаднат совршени: Направете ги најнежните палачинки досега со овој трик

1731
0

Палачинките ги сакаат речиси сите, брзо се готови, а смесата многу лесно се прави. Сепак, на многу луѓе им се случува палачинките да им испаднат тешки, но со трикот кој ви го откриваме тоа никогаш повеќе нема да се повтори.

Рецептот што повеќето од нас го користат за правење микс за палачинки вели да ги ставите јајцата цели во смесата, но ако ги одделите белките и жолчките, ќе ги добиете најнежните палачинки досега.

Имено, прво направете ја смесата за палачинки како и обично, само со мала промена за да ги одвоите белките од жолчките кои сте ги изматиле во смесата, а белките ставете ги на страна.

Кога ќе ги додадете сите состојки (освен белките) во смесата и добро ќе ги измешате, користете ги белките за да направите помек снег (ниту цврст, ниту течен) и додадете го во смесата.

Потоа многу нежно измешајте го снегот во смесата. Снегот од белките ќе им даде на палачинките пенеста структура, прекрасна мекост. Дури и кога ќе се оладат и стојат, вака подготвените палачинки нема да ја изгубат својата мекост, односно нема да станат тврди.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име