Дома Живот 5 животни навики кои ќе ви помогнат да имате потесен струк и...

5 животни навики кои ќе ви помогнат да имате потесен струк и помалку маснотии

921
0

Секојдневните навики се многу важни кога станува збор за физичкиот изглед и здравјето. Затоа, навистина не е ни чудо што покрај јадењето, постојат и многу други навики кои предизвикуваат таложење на маснотии околу половината.

Подолу ќе најдете научно засновани предлози кои, доколку се следат, можат да помогнат во намалување и затегнување на пределот на половината.

Спијте доволно

Докажано е дека луѓето кои спијат шест часа имаат повеќе масни наслаги од луѓето кои спијат само два часа повеќе, односно осум часа. Се прашувате зошто? Затоа што недостатокот на сон го надополнуваат со јадење непотребна храна. Докажано е дека само една нарушена ноќ на сон ја намалува чувствителноста на инсулин, што на крајот доведува до зголемување на телесната тежина и акумулација на маснотии. Заклучокот е дека доволно часови спиење навистина може да помогне кога станува збор за одржување и губење на тежината. Започнете со тоа.

Не јадете доцна

Истражувањата покажаа дека би било совршено ако го јадеме последниот оброк во 19 часот. Она што експертите дополнително го нагласуваат е редоследот на јадење. Најдобро би било прво да јадете зеленчук и протеини, а потоа да внесувате јаглехидрати.

Физичка активност

Вишокот маснотии во пределот на стомакот е почест кај луѓето кои работат канцелариски работи. Но, опасноста од метаболички промени може да се избегне со редовно вежбање. Едно истражување покажа дека луѓето кои седат девет часа дневно можат целосно да ја избегнат опасноста од метаболички промени доколку прават 15.000 чекори дневно. Исто така, самото стоење на работа може да помогне да се намалат масните наслаги.

Изберете интервален тренинг со висок интензитет

Маснотијата што се создава околу половината и стомакот е малку поразлична од салото на другите делови од телото, а за да ги изгубите треба да направите одредени вежби. Само стомачни, склекови или чучњеви нема да го растворат вишокот маснотии во пределот, но неопходно е да се прави интервален тренинг со висок интензитет кој вклучува повеќе мускулни групи.

Направете ментално ресетирање

Зголемениот стрес го подига нивото на кортизол во нашето тело, а тоа доведува до активирање на ензимите кои придонесуваат за таложење на маснотии во пределот на стомакот. За да се избегне постојаното појавување на стрес, потребно е редовно „ресетирање“. Тоа може да биде ангажирање во различни хоби , техники за смирување на дишењето, вежбање, запишување мисли , медитација, водење дневник и слично.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име