Дома Живот Бојата која ќе „владее“ во 2023 година е избрана, еве ја!

Бојата која ќе „владее“ во 2023 година е избрана, еве ја!

717
0

„Дигитална лаванда“ е бојата која е најголемиот тренд за 2023 година. Во согласност со нашата потреба за поздрав и помирен начин на живот, оваа нежна виолетова нијанса прекрасно ќе се вклопи со вашите избори за облекување или украсување на вашиот простор.

По анализирањето на постпандемиското општество, очигледно е дека многумина од нас се свртуваат кон поздрав начин на живот, што ја поттикнува потребата за помирен дизајн околу нас. Бидејќи дигиталниот свет често претставува бегство од реалноста, потрага по смиреност, оваа боја го има и зборот „дигитален“ во своето име бидејќи дава чувство на спокојство и мир што го бараме. Истовремено, лавандата е и растение чиј мирис делува смирувачки. Затоа VGSN (WGSN – најголемата светска компанија за прогнозирање на дизајнерски трендови) во соработка со системот за бои Coloro, ја лансираше оваа прекрасна јоргована боја како главен тренд на бои за следната/оваа година.

Самата виолетова е комбинација од две спротивности: страсно црвено и мирно сино. Затоа, неговата бледа варијанта е совршено визуелно опкружување кое привлекува широк спектар на потрошувачи.

Иако на прв поглед делува женствено, оваа боја е погодна за сите машки и женски стилови. Може да биде во совршена хармонија со светла облека, додека со потемни нијанси станува ефективен, но елегантен акцент.

Комбинирањето на оваа нијанса со трендот на транспарентен фустан може да биде одличен моден потег.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име