Пулсот скока над 100 на +35 степени: Телото испраќа аларм, а овие 4 чекори помагаат веднаш
Кога температурите достигнуваат околу 35 степени, срцевиот ритам може да се искачи на над 100 отчукувања во минута додека телото се бори да се олади, но постојат четири едноставни начини за брзо ослободување од оптоварувањето на телото.
При висока температура, срцето работи понапорно , па затоа не е невообичаено пулсот кај здрави луѓе да се зголеми за 10 до 20 отчукувања во минута.
Кога живата ќе се искачи на околу 35°C или повеќе, телото се обидува да ја регулира температурата со проширување на крвните садови и зголемување на протокот на крв, што претставува дополнителен товар за кардиоваскуларниот систем.
Лекарите предупредуваат дека пулсот во мирување може да достигне вредности од 90 или повеќе, додека сè над 120 отчукувања во минута се смета за сигнал за претпазливост, особено ако состојбата е продолжена или придружена со други симптоми.
Како да се олесни телото во топлината?
За да се намали оптоварувањето на срцето и да се спречи дехидрација, важно е да се спроведат неколку едноставни мерки.
✔️Внесувајте доволно течности – водата е најдобриот избор, но можат да помогнат и чаеви без кофеин, разредени сокови и безалкохолни пијалоци. Треба да се избегнува алкохол бидејќи дополнително го суши телото.
✔️Изберете лесна, ладна храна – овошјето и зеленчукот богати со вода, како и ладните оброци, му помагаат на телото полесно да се справи со високите температури.
✔️Прилагодете го просторот во кој престојувате – затворете ги прозорците во текот на денот, користете завеси или ролетни и проветрувајте го просторот само кога температурата ќе падне навечер.
✔️Избегнувајте го најжешкиот дел од денот – помеѓу 11:00 и 15:00 часот, намалете ја физичката активност, носете лесна облека и секогаш имајте при рака вода и заштита од сонце.
Експертите нагласуваат дека комбинацијата од овие мерки може значително да го намали ризикот од забрзан пулс, дехидрација и прегревање на телото за време на летните топлотни бранови , пишува bhf.org.uk/
Што да правите ако се разболите од топлината?
Ако чувствувате слабост или вртоглавица поради високи температури, постојат четири едноставни чекори што можат брзо да ви помогнат:
✔️веднаш преместете се во сенка или во ладна соба
✔️легнете и кренете ги нозете за да ја подобрите циркулацијата
✔️земајте вода во помали, но почести голтки
✔️оладете го телото со вода, влажни облоги, вентилатор или ладен туш
Доколку симптомите не исчезнат или се влошат, потребно е да се консултирате со лекар или со итна медицинска помош.
Знаци на дехидратација кои не треба да се игнорираат
Дехидратацијата често се развива постепено, па затоа е важно да се препознаат првите знаци. Најчести симптоми се зголемена жед, сува уста, чувство на замор, вртоглавица, потемна боја на урината и општа слабост на телото.








