Дома Здравје Сите здравствени придобивки од кромидот

Сите здравствени придобивки од кромидот

764
0

Иако многумина бегаат од него поради мирисот и непријатното солзење на очите при сечењето, кромидот всушност е многу здрав.

Кромидот подолго трае во вашата оставата, летна кујна или на друго ладно, суво и темно место околу две недели, но не чувајте го покрај компири кои ослободуваат гас и влага што брзо може да го расипе кромидот.

  1. Кромидот помага за подобрување на здравјето на срцето
    Конзумирањето кромид може да има здрав ефект врз кардиоваскуларниот систем. Имено, истражувањата покажаа дека полифенолот наречен кверцетин кој се наоѓа во кромидот помага во намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди.
  2. Богат е со антиоксиданси
    Кромидот е полн со антиоксиданси кои се борат против болестите и слободните радикали и помагаат во поправка и заштита на оштетените клетки во телото. Тие се еден од најдобрите извори на флавоноиди (вклучувајќи кверцетин), фитохемикалии со силни антиоксидантни својства. Црвениот и жолтиот кромид се побогати со овие антиоксиданси од другите видови. Исхраната богата со антиоксиданси може да помогне да се намали воспалението и да се спречи оштетувањето од слободните радикали, што доведува до силен имунолошки систем и подобро целокупно здравје.
  3. Помага во намалување на ризикот од рак
    Спроведени се неколку студии за тоа како кромидот може да игра важна улога во превенцијата од рак. Студијата на Универзитетот во Гелф заклучи дека црвениот кромид е најефикасен во намалувањето на клетките на ракот на дебелото црево и дојката.

Извор:24sata

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име