Дома Живот 4 видови на храна кои не смеете да ги подгревате во микробранова

4 видови на храна кои не смеете да ги подгревате во микробранова

1223
0

Чувајте ги јајцата, преработеното месо, лиснатиот зеленчук и оризот подалеку од микробранова печка.


Иако изгледа како најбрзата и најлесната опција кога сте многу гладни и брзате, загревањето на храната во микробранова печка не е секогаш најдобрата идеја, особено кога станува збор за одредена храна.

Со загревање на варените јајца се создава голема количина на пареа во нив, па лесно може да дојде до експлозија кога ќе ги извадите од микробранова печка.

Најдобро би било да не ги загревате, но ако навистина треба, прво излупете ги и исечете ги на помали парчиња.

Месните производи содржат многу конзерванси за да се задржат што подолго, а кога ќе се загреат, овие конзерванси стануваат уште поштетни за организмот – можат да ја поттикнат оксидацијата на холестеролот, пренесува Healthy .

Британската агенција за храна (FSA) вели дека готвењето ориз во микробранова печка може да доведе дури и до труење со храна, бидејќи суровиот ориз содржи бактерии кои можат да преживеат брзо готвење во микробранова печка. Откако ќе се отстранат и се остават да се изладат на собна температура, бактериите се размножуваат.

Лиснатиот зеленчук како спанаќот исто така треба да се чува подалеку од микробранова печка, бидејќи содржи висока концентрација на нитрати, а иако сами по себе се безопасни, кога се загреваат се претвораат во штетни материи кои се канцерогени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име