Дома Твој готвач Рецептот за чоколадно кафе го освои интернетот, но и нас

Рецептот за чоколадно кафе го освои интернетот, но и нас

680
0


Комбинацијата на кафе и чоколадо е една од оние комбинации со кои не можете да погрешите, а ние најдовме одличен рецепт кој ќе ги спои овие две состојки во вкусен пијалок.

Речиси сите ќе се согласат дека не постои подобар пијалок од кафе. Кафето освен што е вкусно, ја има оваа способност да не разбуди и да ни даде енергија да го започнеме денот и затоа едноставно го обожаваме. Но, освен кафето има уште нешто без кое не би можеле да го замислиме животот, а тоа е чоколадото. Бело, млечно, темно … едноставно нема чоколадо што не ни е вкусно. А што се случува кога мешаме кафе и чоколадо? Рапсодија на вкус и највкусниот пијалок што сте го пробале. Тоа е чоколадно кафе, мешавина од топло чоколадо и кафе кое не освои, а за кое најдовме многу едноставен рецепт кој едвај чекаме да го пробаме. А најдоброто нешто е што ќе ви требаат само четири состојки и само десет минути.

Состојки:

350 мл млеко
2 лажици какао во прав
200 гр темно чоколадо
230 мл свежо сварено кафе

Подготовка:

Во тенџере со средна големина измешајте ги млекото, какаото во прав и чоколадото и оставете постепено да се топли.
Нежно мешајте додека чоколадото целосно не се растопи, но не дозволувајте топлото чоколадо да зоврие.
Кога чоколадото ќе се растопи, истурете го претходно свареното кафе и мешајте додека се да се соедини.
Истурете во чаши за сервирање и додадете малку шлаг, колачиња од бел слез или нешто друго по желба.


Извор:ikneadtoeat.com

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име