Дома Твој готвач Пита со месо и компири (рецепт)

Пита со месо и компири (рецепт)

1204
0

Фантастична пита со месо и компири за целото семејство.

Состојки:

Тесто:

  • 5 чаши брашно
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1/2 чаша масло
  • 2,5 чаши топла вода

За премашкување:

  • 1 чаша масло

Полнење:

  • 600гр мелено месо
  • 1 главица ситно сечкан црвен кромид
  • 3 компири сечкани на коцки
  • 2 лажички сув билен зачин
  • 1,5 лажички сол
  • 1 лажичка пипер

Попрскување:

  • 1 чаша врела вода
  • прстофат сол

    Подготовка:

Од наведените состојки замесете тврдо тесто.

Тестото префрлете го на работна површина, замесете го и поделете го тестото на четири топчиња.

Секое топче премачкајте го со многу масло, ставете во тавче, покријте ги со најлонска фолија и оставете да отстојат еден час.

Додека чекате тестото да отстои, подгответе го филот. Измешајте ги сите наведени состојки за филот.

Потпржете го кромидои и месото, додадете ги компитите и зачините.

Земете едно топче и разблечете го малку со сукало. Потоа премачкајте го тестото со многу масло и потоа полека разтегнете го со раце колку што можете потенко.

Тестата обложени со масло лесно се тргаат.

Посипете го филот по целата кора, пресечете ја кората на половина и формирајте ролат.

Наредете ја питата во тркалезна тава, истото повторете го со остатокот од тестото и филот.

Печете ја питата во загреана рерна на 200 степени до 50 минути или додека не порумени.

Испечената пита прелијте ја со зовриена вода која сте посолеле малку. Вратете во рерна уште пет минути.

Се вади од рерна, се покрива со друга тава или алуминиумска фолија и се остава да отстои 15 минути, па се сервира.

Извор: Coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име