Дома Живот Зошто е добро да јадете банана половина час пред спиење?

Зошто е добро да јадете банана половина час пред спиење?

2073
0

Обично сме навикнати да јадеме банани наутро, за ужина или во ситуации кога ќе забележиме дека ни треба шеќер. Тоа е еден од најпопуларните видови овошје кое содржи витамин Б6, калиум, влакна и магнезиум, но и големо количество шеќер, поради што не се препорачува да се јаде премногу.

Но, во малку неочекувана ситуација, и бананите можат да бидат добар избор и да помогнат при проблемот кој мачи голем број луѓе – несоницата. Несоницата спаѓа во групата на болести на нервниот систем. Се карактеризира со отежнато заспивање, многу лесен сон и често будење во текот на ноќта со потешкотии за повторно заспивање. Несоницата се дели на минливи или краткотрајни, повремени и хронични, односно постојани.

Кога патиме од несоница, често посегнуваме по разни препарати со надеж дека ќе ни помогнат да заспиеме побрзо и да не се будиме во текот на ноќта. И бананите можат да помогнат, барем така вели др. Алан Мандел, алтернативен лекар, кој вели дека ако имате несоница, јадете банана половина час пред да си легнете.

Имено, бананите се полни со витамин Б6, кој делува така што аминокиселината триптофан, важна за добар сон и расположение, ја претвора во серотонин, невротрансмитер кој го контролира лачењето на мелатонин во епифизата во мозокот. Хормонот мелатонин, познат и како хормон за спиење, го контролира нашиот внатрешен часовник и неговото зголемено лачење прави да се чувствуваме поспани навечер.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име