Дома Твој готвач Печени компири со сенф и рузмарин (рецепт)

Печени компири со сенф и рузмарин (рецепт)

2135
0

Печени компири кои често ќе ги подготвувате.

Состојки:

  • Компири
  • сол, бибер, лук
  • една лажица сенф
  • маслиново масло
  • Рузмарин

Подготовка:

Сами одредете ја количината на компири.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Излупете ја кората, измијте ја и исушете ја со крпа.

Обложете плех или огноотпорен сад со хартија за печење.

Исечете ги компирите, веднаш ставете ги на плех, додадете сол и бибер и две чешниња лук.

Посипете го рузмаринот врз компирите.

Измешајте го сенфот и премачкајте го секој компир.

И на крај, прелијте сè со маслиново масло.

Вака подготвените компири ставете ги во загреана рерна и печете околу 50 минути.

На половина од печењето, малку измешајте ги компирите и вратете ги во рерна.

Готовиот компир послужете го веднаш, по можност како додаток на некое месо.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име