Дома Твој готвач Нема чекање тестото да нарасне: Вкусен и сочен леб од тиквички и...

Нема чекање тестото да нарасне: Вкусен и сочен леб од тиквички и сирење што мора да го пробате

77
0

Нема чекање тестото да нарасне: Вкусен и сочен леб од тиквички и сирење што мора да го пробате

Овој леб со малку необични состојки може да се јаде со главното јадење, но и како самостоен оброк со омилена, сезонска салата.

Доколку сакате да вклучите повеќе зеленчук во вашата исхрана, тогаш имаме вистински рецепт за вас.

Лебот со тиквички и сирење се прави брзо, бидејќи не содржи квасец, а е неверојатно сочен поради комбинацијата од тиквички и сирење.

Можете да го јадете овој леб со вашата омилена салата или намаз, па дури и со главното јадење. И верувајте ни, откако ќе го направите, ќе го јадете секој ден.

Состојки:

2 средни тиквички, рендани

3/4 лажичка сол

200 г сирење

320 мл млеко

50 г растопен путер, несолен

2 лажици масло

2 јајца

2 мали чешниња лук, згмечени

1 лажичка бел оцет

340 г брашно

2 лажички прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

Подготовка:

Исчистете ги и изрендајте ги тиквичките, потоа посолете ги и оставете ги 20 минути. После тоа, исцедете ги за да се отстрани вишокот вода и ставете ги тиквичките во сад.

Загрејте ја рерната на 180°C. Намастете го плехот за леб со путер.

Ставете ги сите суви состојки во сад и добро измешајте.

Потоа во друг сад, измешајте ги сите течни состојки со матење.

Направете вдлабнатина во центарот на сувите состојки. Истурете ги течните состојки. Брзо мешајте додека брашното не се соедини, а потоа додадете ги тиквичките.

Распоредете 1/3 од тестото во калап за леб, посипете со рендано сирење одозгора.

Потоа повторно ставете 1/3 од тестото, па другата половина од сирењето. И ставете ја преостанатата 1/3 од тестото одозгора. Убаво порамнете сè.

Печете 50 минути или додека раженчето забодено во средината не излезе чисто.

Опционално: премачкајте го горниот дел со малку растопен путер.

Оставете да се олади во тавата 10 минути, а потоа префрлете на решетка за да се олади. Оставете да се олади најмалку 20 минути пред сечење.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име