Дома Здравје Кој претерува со јадење чоколада, им недостасува овој минерал

Кој претерува со јадење чоколада, им недостасува овој минерал

1193
0


Доколку не сте голем љубител на чоколадото, но во последно време забележувате дека ви се јаде секој ден, проверете ја вашата крвна слика.

Можно е оваа ненадејна желба да покажува недостаток на магнезиум.

Магнезиумот е од суштинско значење за стотици биохемиски реакции во телото, вклучувајќи ги и оние поврзани со релаксација. Кога го нема доволно во телото, луѓето стануваат раздразливи, страдаат од несоница и висок крвен притисок, па телото не може да се опушти.


Поради овие причини, луѓето со недостаток на магнезиум привремено се чувствуваат подобро кога јадат чоколадо, кое има релаксирачки ефект.

Но, тоа задоволство трае многу кратко и може да прерасне во зависност. Експертите препорачуваат редовни проверки, а во меѓувреме обичната чоколада заменете ја со црна, која содржи 70 отсто какао.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име