Дома Твој готвач Зимски колачиња со мед и цимет

Зимски колачиња со мед и цимет

1298
0

Слатките колачиња одлично се комбинираат со секој пијалок.

За тестото:

500гр брашно

1 кесичка прашок за пециво

1 лажица мед

1 лажица цимет

1 лажица мелени бадеми

2 јајца

100 гр шеќер

125 гр путер

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте прашок за пециво, цимет, мелени бадеми и брашно. Во посебен сад измешајте ги јајцата, медот, шеќерот, путерот и ванилиниот шеќер десет минути.

Потоа додадете мешавина од брашно, бадеми, прашок за пециво и цимет. Измешајте сè во хомогена и компактна смеса. Завиткајте во фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути.

Потоа на малку набрашнета површина развлечете го тестото тенко и со калап извадете ги формите.

Се редат во плех обложен со хартија за печење и се пече 10 минути на 180 степени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име