Дома Твој готвач Домашни топчиња Ferrero rocher готови за помалку од половина час

Домашни топчиња Ferrero rocher готови за помалку од половина час

2315
0


Никогаш не било полесно да направите свои Ferrero rocher топчиња. Овој рецепт е доказ дека најдобрите десерти не мора да бидат тешки за правење. За само половина час можете на масата да имате вкусни домашни топчиња Ferrero rocher.

Домашни топчиња Ferrero rocher готови за помалку од половина час.

Состојки:
3 шолји мелени наполитанки од лешник
3 шолји ситно сечкани печени лешници
0,5 шолји чоколаден намаз по ваш избор
1 шолја сечкана чоколада за готвење
1 лажичка кокосово масло
0,5 шолји ситно сечкани печени лешници за прелив

Подготовка:

1. Прво започнете со подготовка на смесата. Обложете го листот за печење со хартија за печење. Издробете ги наполитанките со лешниците и додајте ги во длабок сад.


2. Додадете лешници и чоколаден намаз за да добиете хомогена смеса. Ставете го во фрижидер 30 минути за да се стегне смесата.


3. Потоа од смесата формирајте топчиња со големина на лажица, ставете ги на плех и оставете да одстојат 15 минути.


4. Додека чекате, измешајте ги чоколадото и маслото во средна чинија. Растопете ја смесата во микробранова печка додека целосно не се раствори, мешајќи околу 30 секунди. Додадете ги лешниците и добро измешајте да се соединат.


5. Кога топчињата се готови, ставете чепкалка на секое топче и натопете ги во смесата од растопена чоколада. Ставете ги топчињата на плех за печење. Кога ќе завршите со премачкување, вратете ги во фрижидер 15 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име