Дневен хороскоп за понеделник, 20 јули: Раковите очекуваат проблеми на работа, Водолиите ги следат нови познанства
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак.
ОВЕН
ЉУБОВ: Самоволието ќе создаде проблем во вашата врска, а и вие и вашиот партнер ќе го покажете тоа. РАБОТА: Преголемата амбиција може да ви наштети. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
БИК
ЉУБОВ: Во моментов, вашиот партнер е во лошо расположение, што негативно влијае на вашиот љубовен живот. РАБОТА: Ќе уживате во позитивен тренд. ЗДРАВЈЕ: Проблем со дигестивниот тракт.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Не е особено возбудлив ден. Можно е ново познанство, со некој што е постар од вас. РАБОТА: Некое влошување во вашата кариера. ЗДРАВЈЕ: Инфекции.
РАК
ЉУБОВ: Ќе ви се допадне некој што ќе ви изгледа фатален или опасен на некој начин. РАБОТА: Ќе имате проблеми во работниот процес или со претпоставените. ЗДРАВЈЕ: Ќе се преоптоварувате.
ЛАВ
ЉУБОВ: Вие сте страсна личност, што денес ќе дојде до израз. РАБОТА: Промени на подобро, но можни се мали недоразбирања со колегите. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Во овој период сте многу поподготвени за компромиси, што позитивно влијае на вашиот љубовен живот. РАБОТА: Проблеми во сферата на финансиите . ЗДРАВЈЕ: Болно грло.
ВАГА
ЉУБОВ: Денес ќе се чувствувате збунето и тажно, и ќе имате проблеми со покажувањето на вашите чувства. РАБОТА: Ќе бидете зафатени со некои промени. ЗДРАВЈЕ: Психосоматски тегоби.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Дисхармонија во односот со партнерот. Ќе имате конфликти. РАБОТА: Можни административни или логистички проблеми. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со сообраќајот.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Денес сте многу свесни за сè околу вас, а недостатоците на вашиот партнер особено ве „бодат во очи“. РАБОТА: Лесно можете да најдете работа ако барате. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Можете да добиете лоша репутација затоа што сте емоционално затворени или недоволно посветени. РАБОТА: Ден без значајни настани . ЗДРАВЈЕ: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Можна разделба од партнер, како и нови познанства. РАБОТА: Ќе имате успех во сè што е поврзано со уметноста и креативноста. ЗДРАВЈЕ: Слабо варење.
РИБА
ЉУБОВ: Љубовта сама ќе ви затропа на вратата, нема да мора многу да се трудите за да ја пронајдете. РАБОТА: Ќе постигнете помал успех. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со апетитот.








