Дома Живот Доколку сакате да се ослободите од лошиот здив, направете резерва на оваа...

Доколку сакате да се ослободите од лошиот здив, направете резерва на оваа храна

1293
0

Истражувачите од Германија проучувале како ѓумбирот влијае на однесувањето на молекулите во плунката, а потоа ја тестирале нивната теорија на доброволци и следеле како нивниот здив се менува и подобрува.

Хемикалијата која му дава на ѓумбирот специфичен интензивен вкус е одлична во борбата против лошиот здив, велат германските истражувачи од Техничкиот универзитет во Минхен. Тие додадоа дека овој моќен корен може да се земе во форма на чај или на некој друг начин, важно е да се наоѓа во устата.

Станува збор за гинџерол, состојка која има способност да го стимулира ензимот наречен сулфхидрил, кој пак ги неутрализира супстанциите во усната шуплина одговорни за лошиот здив. Оваа состојка во ѓумбирот го зголемува нивото на ензимот за 16 пати за само неколку секунди.

Соединенијата што содржат сулфур во храната може да предизвикаат халитоза (медицински термин за лош здив), што, според некои проценки, погодува четвртина од луѓето.

Истражувачите од Германија проучувале како ѓумбирот влијае на однесувањето на молекулите во плунката, а потоа ја тестирале нивната теорија на доброволци и следеле како нивниот здив се менува и подобрува.

Откриле како гореспоменатиот ензим го разградува сулфурот во устата.

„Резултатот од земањето ѓумбир е подобрување на мирисот на нашата уста. Ова откритие може да им помогне на компаниите кои произведуваат производи за орална хигиена, тие можат да научат како функционира ѓумбирот“, рече Томас Хофман , раководител на студијата, но тој не спомна колку ѓумбир треба да се конзумира за да се постигне саканиот ефект, како што објавија од Дејли Мејл.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име