Дома Здравје Два знаци на висок холестерол што може да се забележат во косата

Два знаци на висок холестерол што може да се забележат во косата

806
0

Два знаци на висок холестерол што може да се забележат во косата

Високиот холестерол е еден од најзначајните фактори на ризик за развој на болести на срцето и циркулаторниот систем, а кардиоваскуларните заболувања се најчесто дијагностицирани болести во светот. Иако постојат многу симптоми кои можат да укажуваат на покачен холестерол во крвта, во нашата коса се појавуваат два симптоми, пишува Times of India.

Како што објаснуваат лекарите, симптомите кои укажуваат на тоа дека некое лице може да има проблеми со покачен холестерол вклучуваат коса која предвреме станува сива или опаѓа. Според истражувањата, се вели дека високите нивоа на холестерол во крвта предизвикуваат трајно оштетување на фоликулите на косата, што резултира со овие несакани ефекти.

Други симптоми кои можат да откријат покачен холестерол се забрзано чукање на срцето, израстоци на очните капаци, пецкање во дланките и стапалата, болка во вратот, чувство на тежина во нозете, чувство на печење во горниот дел на стомакот, особено после јадење нешто масно. , и отекување на одредени делови од телото.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име