Дома Твој готвач Време е за пица бурек (рецепт)

Време е за пица бурек (рецепт)

1060
0

Денес ви носиме еден поинаков рецепт за бурек, пица бурек…

Состојки:

✦ 600-700 грами готови кори
✦ 200 гр. шунка
✦ 200 гр. сирење
✦ 200 мл. доматно пире
✦ сол, бибер, оригано
✦ ½ лажички шеќер
✦ 3 лажици бело вино
✦ 200 мл. вода
✦ 7 лажици масло
✦ 2 лажички сол

Подготовка:

Се вари водата со масло и сол и се остава да се излади.

Во подлабок сад измешајте ги доматното пире, малку сол, бибер, оригано, шеќер и вино.

Во посебни садови изрендајте ги шунката и кашкавалот.

Двете кори за бурек премачкајте ги со течност од вода и масло, па ставете ги на дното на подмачкан кружен калап така што врвовите ќе излезат од калапот.

Врз корите ставете четвртина од сосот од домати и четвртина од ренданата шунка и сирење.

Следната кора убаво намачкајте ја со течност, малку исцедете ја да се вклопи во калапот, премачкајте со доматен сос и посипете со рендана шунка и кашкавал. Повторете ја постапката неколку пати.

Секоја кора посипете ја со филот со течност. Последните две кори ставете ги во калап со превиткани врвови, добро намачкајте со течност, покријте ги со кори што штрчат од калапот и исто така намачкајте ги.

Печете на 200 ° C околу 34 минути, а на половина пат од печењето, извадете го и користејќи плитка чинија, внимателно свртете и вратете го во калапот и рерната за убаво да се испече од двете страни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име