Дома Твој готвач БАВАРСКИ ПЕЦИВА – ЗЕМИЧКИ (РЕЦЕПТ)

БАВАРСКИ ПЕЦИВА – ЗЕМИЧКИ (РЕЦЕПТ)

558
0

БАВАРСКИ ПЕЦИВА – ЗЕМИЧКИ (РЕЦЕПТ)

Состојки:

1 кг брашно

5 дл. вода

1 дл. масло

1 свеж квасец

1 лажица сол

1 л. врела вода

4 лажици сода бикарбона

1 лажица сол афион, сусам, лен, ким, семки од сончоглед и сл за посипување

Подготовка

1. Квасецот измешајте го во брашното, посолете и додајте вода и убаво измесете го тестото додека не почне да се одвојува од садот. потоа додадете масло за тестото да биде мазно.

2. По потреба додадете уште брашно. Тестото треба да биде мазно и не лепливо.

3. Покријте го тестото и оставете го на топло место да стаса кога ќе се удвои во волуменот, откинете ги парчињата, направете долги кифлички и формирајте кифлички, коцки, земички, ѓевреци…

4. Во сад сипете вода, сол и сода бикарбона. Садот и оставете го нежно да се вари. Со помош на две лажички, формираните форми од тестото спуштете ги во вода, сварете кратко време (веднаш ќе испливаат) и ставете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење (премачкајте го со масло бидејќи хартијата за печење ќе се залепи). Тоа ми се случи во првиот круг, па се мачев да ги тргнам парчињата хартија. Посипете со семиња по ваш избор.

5. Печивото се пече во загреана рерна додека не нараснат и добијат златно-кафеава боја.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име