Дома Твој готвач Заборавете на запршка: Згуснете ги супите, чорбите и манџите на поздрав начин...

Заборавете на запршка: Згуснете ги супите, чорбите и манџите на поздрав начин со помош на само една состојка

1561
0

Заборавете на запршка: Згуснете ги супите, чорбите и манџите на поздрав начин со помош на само една состојка

Сите знаеме дека класичната запршка не е најздравата опција и затоа ви донесуваме нови методи на згуснување кои ќе ги направат вашите јадења уште повкусни и далеку поздрави…

Чорбите и супите се чест гостин на менијата во секоја сезона. Станува збор за лесни јадења полни со витамини и прекрасни, свежи вкусови. Без разлика дали подготвувате богати јадења кои вклучуваат и компоненти од месо или преферирате убаво тенџере полно со зеленчук, дефинитивно ќе има момент на згуснување во еден дел од процесот на готвење. Заборавете на запршката што ќе го направи јадењето тешко и нездраво и свртете се кон едноставни алтернативи за уште повкусни јадења на лажицата.

Наместо запршка, во тенџерето ставете еден компир.

Пресечете го на половина и варете го така со останатите состојки. Кога е готов, извадете го од тенџерето, додадете малку течност и со вилушка изгмечете ги компирите. Ставете го во тенџере, гответе го кратко време и убава, густа чорба е речиси полесна од било кога. Компирите нема да го променат вкусот на чорбата, а воедно ќе ви заштеди и време кое би го потрошиле за подготовка .

Освен компири, можете да исецкате и друг зеленчук, но поради скробот што го содржи компирот ќе ви биде сосема доволен. Додавањето житарки како јачмен и просо ќе помогне и за згуснување на чорбата поради слузта што ја испуштаат, а во исто време ќе го збогати јадењето и ќе му додаде нови нутритивни вредности.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име