3 работи што го штитат телото во старост: Еве како да спречите влошување на организмот
Експертите истакнуваат дека три фактори се особено важни за зачувување на виталноста во староста – движење, исхрана и социјална активност.
Стареењето не мора да значи губење на силата и зависност од другите. Истражувањата покажуваат дека опаѓањето на физичките способности може да се забави, па дури и делумно да се ублажи со правилни животни навики.
Слабоста на организмот во подоцнежните години го зголемува ризикот од хоспитализација, повреди и губење на независноста. Поради намалената отпорност на телото, дури и мали здравствени проблеми, како што се инфекции или краток период на неактивност , можат да доведат до ненадејно влошување на состојбата. Сепак, експертите нагласуваат дека ова не е неизбежен дел од староста.
Големи студии покажуваат дека здравствената состојба може да се менува со текот на времето, кај некои луѓе се подобрува, кај некои се влошува, додека значителен број остануваат стабилни.
Посебен акцент се става на важноста на физичката активност, особено вежбите за сила кои помагаат во зачувувањето на мускулната маса и функционалноста.
Исхрана
Најдобрите ефекти се постигнуваат кога вежбањето се комбинира со квалитетна исхрана и ментална активност.
Социјална активност
Покрај тоа, социјалните контакти и активното учество во заедницата играат важна улога во одржувањето на менталното и физичкото здравје.
Луѓето кои остануваат социјално активни и одржуваат односи со другите имаат поголема веројатност да задржат поголема виталност.
Затоа, експертите заклучуваат дека здравото стареење не зависи само од возраста, туку пред сè од секојдневните навики кои можат значително да влијаат на квалитетот на животот во староста, пишува theconversation.com .








