Дома Здравје 3 пијалоци кои го забрзуваат метаболизмот!

3 пијалоци кои го забрзуваат метаболизмот!

556
0

3 пијалоци кои го забрзуваат метаболизмот!

Лимонот, целерот и јаболкото помагаат во топењето на маститеS

Кога сакаме да ослабеме, најголем акцент е ставен на исхраната, а малкумина од нас внимаваат што пиеме за време на диета.

Како што постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот , има и неколку пијалоци кои успешно согоруваат калории, а од друга страна позитивно влијаат на имунитетот. Пробајте пијалоци кои ќе ви помогнат да ги стопите мастите.

  1. Топла лимонада
    Овој напиток ефикасно го забрзува метаболизмот, а витаминот Ц го поттикнува топењето на масните наслаги и истовремено го зајакнува имунитетот и позитивно делува на кожата. Исцедете половина лимон во шолја топла вода, а ако не ви се допаѓа вкусот, додадете свеж сок од половина портокал, па утринскиот пијалок ќе ви биде за нијанса посладок. Ако навистина не можете да пиете лимонада без шеќер, додадете малку мед.
  1. Сок од целер
    Сокот од целер помага во борбата против вишокот килограми, а ја зголемува и енергијата, па затоа е совршен избор за првиот утрински пијалок. Целерот е богат со витамин А, но и со витамини Б, Ц и Е, кои поттикнуваат темелно чистење на телото, па сокот од овој зеленчук е одличен детоксикација за организмот. Во блендер ставете неколку гранчиња целер, додадете малку магдонос и чаша вода. Изблендирајте се и пијте.
  2. Свежо исцеден сок од јаболко
    Јаболкото е познато како овошје со многу малку калории. Богат е со влакна, па затоа е идеален за оние кои страдаат од запек. Конзумирањето јаболка го чисти телото, а исто така фрла килограми. Ставете неколку јаболка во соковник и ќе добиете вкусен сок кој заедно со урамнотежена исхрана ќе направи чуда за вашето тело. Доколку го чувате во фрижидер, ќе биде вистинско освежување во топлите денови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име