Дома Здравје 3 навики кои најмногу го саботираат здрав и долг живот

3 навики кои најмногу го саботираат здрав и долг живот

713
0

Истражувањето на Универзитетот Харвард и Универзитетот за применети науки во Амстердам ги следело учесниците и испитувало како одредени навики можат да влијаат на подолг живот.

Сите учесници во студијата биле здрави и набљудувани вкупно 20 години. Истражувачите откриле дека жените би можеле да го продолжат својот живот за неверојатни 10 години, а мажите доколку ги следат основните совети за начин на живот, за седум години.

Истражувањата идентификуваа кои фактори се закана за што е можно подолго живеење. Прекинете ги овие навики ако сакате да имате подолг и подобар живот.

Пушење

Луѓето кои пушат го скратуваат нивниот животен век за најмалку 10 години, покажа истражувањето. Од друга страна, оние кои се откажале од пушењето пред да наполнат 40 години, можеле да го намалат овој ризик за околу 90 отсто, според студијата на New England Journal of Medicine.

Пушењето може да предизвика голем број на болести, вклучувајќи пневмонија, емфизем и рак на белите дробови.

Алкохол

Алкохолот може да доведе до пократок животен век на различни начини. Редовното и долгорочно консумирање алкохол може да го зголеми ризикот од развој на болести или состојби опасни по живот.

Некои од овие болести вклучуваат мозочен удар или срцев удар. Органите за кои се знае дека се оштетени од долгорочна злоупотреба на алкохол се мозокот и нервниот систем, срцето, црниот дроб и панкреасот.

Исхрана со висока содржина на масти

Истражувачите открија директна статистичка поврзаност помеѓу поголем внес на храна со висока содржина на масти, ултра-обработена храна и поголем ризик од рана смрт од овие причини, особено рак и кардиоваскуларни болести.

Храната со помалку хранливи материи содржи и поголеми количини шеќер, сол, заситени масти и адитиви, а сето тоа е поврзано со зголемен ризик од хронични болести.

Дебелината и не вежбањето може да ја забрзаат смртта за осум години, според Mail Online.

Студијата проценува дека сериозно дебели мажи на возраст од 20 и 39 години, со индекс на телесна маса од 35 или повеќе, имаат пократок животен век од осум години. Ова се должи на повисокиот ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име