Дома Здравје Јогуртот е добар против дијабетес

Јогуртот е добар против дијабетес

887
0

Дневната консумација на јогурт е поврзана со просечно 18% помал ризик од дијабетес тип 2 во студијата на научниците од Универзитетот Харвард.

Стручниот магазин „BMC Medicine“ пишува дека консумирањето јогурт не е волшебно стапче и истакнува дека здравата исхрана е пресудна за одржување на препорачаната телесна тежина и намалување на ризикот од развој на дијабетес тип 2. Новите наоди се собрани на примерок од околу 51.000 мажи и 238.000 жени, од кои околу 15.000 развиле дијабетес тип 2.

Истражувачите додаваат дека внесот на други млечни производи не бил поврзан со ризикот од дијабетес тип 2. Едно од можните објаснувања за добиените резултати се однесува на дејството на пробиотиците од јогуртот, односно нивното влијание врз намалувањето на воспалителните процеси и подобрувањето на функциите на хормоните клучни за контрола на апетитот.

Дијабетес тип 2, дијабетес независен од инсулин или дијабетес кај возрасни, е метаболичко нарушување кое се карактеризира со покачени нивоа на гликоза во крвта во контекст на отпорност на инсулин и релативен дефицит на инсулин.

Вообичаени симптоми се зголемена жед, често мокрење и постојан глад, при што дебелината се смета за примарна причина за дијабетес тип 2 кај луѓето кои се генетски предиспонирани за оваа болест. Дијабетесот тип 2 првично се лекува со зголемено вежбање и промени во исхраната, а доколку нивото на шеќер во крвта не се намали со овие мерки, може да биде потребен лек.

Инаку, стапката на дијабетес е значително зголемена во последните 50 години, заедно со дебелината, а според податоците од 2010 година, во светот има приближно 285 милиони луѓе кои боледуваат од овој тип на дијабетес.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име