Дома Здравје Четири едноставни пијалоци што треба да ги консумирате кога имате анемија

Четири едноставни пијалоци што треба да ги консумирате кога имате анемија

1480
0

Четири едноставни пијалоци што треба да ги консумирате кога имате анемија

Најчеста причина за анемија е недостатокот на железо, а без него, вашето тело не е во можност да произведе хемоглобин што им е потребен на вашите црвени крвни зрнца за да носат кислород. Затоа, можете да го вклучите железото во вашата секојдневна исхрана, но и да го надоместите со едноставни пијалоци.

Некои пијалоци содржат соединенија кои можат да ја влошат анемијата со блокирање на апсорпцијата на железо (кафе, чај, сода), додека други ја подобруваат апсорпцијата или содржат доволно високи концентрации на железо, витамин Б-12 или фолна киселина.

Сок од портокал

Студијата објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ покажа дека консумирањето на витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од храната. Еден од најбогатите извори на витамин Ц е сокот од портокал бидејќи една чаша содржи повеќе витамин Ц од препорачаната доза.

Сокот од портокал е исто така добар избор за пиење ако сте станале анемични поради недостаток на фолати. Секоја чаша сок од портокал има 74 микрограми фолати. Ова е речиси 19 проценти од дневните потреби за возрасен.


Сок од морков

Диетата во која недостасува храна богата со витамин А може да ја влоши анемијата со дефицит на железо. Ова може да биде затоа што витаминот А помага да се премести железото складирано во вашето тело до црвените крвни зрнца. Жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, како што се морковите, се добри извори на каротеноиди, кои се претвораат во витамин А кога се консумираат. Покрај сок, тој препорачува да се јаде и свеж морков.

Сок од сливи

Сокот од сливи не е добар извор на витамин А или Ц, но природно е богат со железо. Редовното консумирање може да помогне да се намалат симптомите на анемија со дефицит на железо.

Секоја чаша сок од сливи содржи повеќе од три милиграми железо. За мажите, таа количина би била приближно 38 проценти од неговите осум милиграми препорачана дневна доза на железо. За жените, кои треба да консумираат околу 18 милиграми железо дневно, една чаша сок од сливи би исполнила речиси 17 отсто од барањата.

Млеко

Луѓето кои имаат анемија бидејќи не консумираат доволно витамин Б-12 можат да го надоместат тоа со консумирање млеко. Секоја чаша млеко со малку маснотии содржи еден микрограм витамин Б-12, или половина од препорачаната дневна доза за возрасен.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име