Дома Твој готвач Топчиња од блитва и сирење

Топчиња од блитва и сирење

709
0


Мали, но полни закуски од блитва и сирење.

Состојки:

  • 1 кг блитва
  • 3 јајца
  • 100 гр брашно
  • 100 гр лебни трошки и 3 дополнителни лажици лебни трошки
  • 4 чешниња лук
  • 150 гр сирење
  • 1 лажица сув зачин од зеленчук

Подготовка:

Сварете ги листовите блитва со топла вода, исцедете ги добро и исечкајте. Додадете ситно сецкан лук, едно јајце, сирење, три лажици лебни трошки и зачин. Додадете сол, бибер и мешајте рачно. Земете ја смесата и рачно обликувајте ги топчињата.

Потоа превртете ги во брашно, останатите изматени јајца и лебни трошки, па пржете во поголема количина масло.

Ставете ги на чинија обложена со хартиен бришач за да ја впие маснотијата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име