Дома Здравје Суви сливи за контрола на апетитот

Суви сливи за контрола на апетитот

942
0

Новото истражување спроведено во Обединетото Кралство го проучувало ефектот на сувото овошје врз апетитот и контролата на тежината.

Истражувањето беше организирано во две фази. Во првата фаза, истражувачите го испитуваа ефектот на сувото овошје (сливи и суво грозје) врз контролата на апетитот . Контролната група земала 100 g гумени бонбони (335 kcal) како ужина, додека интервентната група земала 100 g суви сливи (336 kcal) и 100 g суво грозје (333 kcal). Беше оценето влијанието врз апетитот, ситоста и внесот на калории кај испитаниците. Во втората фаза беше проучен ефектот на сувите сливи врз слабеењето. Оваа фаза вклучуваше здрави мажи и жени со прекумерна тежина кои се согласија да учествуваат во програма за слабеење 12 недели. Контролната група добила упатства за консумирање здрави грицки, додека интервентната група конзумирала сливи како ужина.

Резултатите од првата фаза од студијата покажаа дека испитаниците кои консумирале сливи како ужина внесувале најмалку калории во следниот оброк. Истите испитаници пријавиле и намалено чувство на глад, подолго чувство на ситост и генерално намален внес на калории во следните оброци.

Резултатите од втората фаза од студијата покажаа дека групата која консумирала сливи имала поголемо губење на тежината во споредба со контролната група . Исто така, на истата група и било полесно да имплементира програма за слабеење.

Како заклучок, научниците од студијата веруваат дека консумирањето сливи може да предизвика чувство на ситост и успешно регулирање на апетитот.

Извор: Nutrition Bulletin

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име