Дома Твој готвач Совети со кои чоколадната глазура секогаш ќе излезе совршено

Совети со кои чоколадната глазура секогаш ќе излезе совршено

577
0

Една од најпознатите американски готвачи, Марта Стјуарт, откри тајна состојка благодарение на која глазурата од чоколадо секогаш e совршена. Тоа е сируп од пченка. Прво треба да ги стопите путерот и чоколадото на патеа и постојано мешајте додека смесата не стане мазна.

Потоа додадете лажица млеко и две лажички сируп од пченка. Со цел глазурата за торта да добие поубав сјај, колачот можете да го премачкате со варен џем од кајсија. Доколку додадете лажица јогурт во врелата глазура ќе спречите напукнување.

Можете да добиете сјајна глазура со внимателно додавање јајца или желатин. Во растопената мешавина од шеќер, какао и шлаг крем додадете го желатинот и добро измешајте. Почекајте глазурата малку да се излади, или станете млака, а потоа украсете ги десертите.

Квалитетот на состојките е исто така важен, затоа секогаш користете квалитетно чоколадо што содржи повеќе од 60% какао за да направите глазури. За да спречите кршење на глазурата при сечење на тортата, користете остар тенок нож и натопете го во сад со топла вода пред да го исечете секое парче, а вишокот вода по потопувањето треба да се избрише со крпа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име