Дома Здравје СИМПТОМИ кои укажуваат на висок шеќер во крвта

СИМПТОМИ кои укажуваат на висок шеќер во крвта

672
0

Доколку не се контролира редовно, високиот шеќер во крвта може да доведе до дијабетес и сериозни последици по здравјето.

Постојат рани симптоми кои може да укажуваат на проблем со шеќерот.

Раните бавно зараснуваат

Ако раните како што се исекотини бавно зараснуваат, ова може да биде знак дека шеќерот во крвта ви е многу висок.

Имено, високото ниво на шеќер во крвта негативно влијае на циркулацијата на кислородот во организмот, како и на хранливите материи кои се неопходни за зараснување на раните.

Чести инфекции на кожата

Еден од симптомите се честите инфекции на кожата бидејќи високото ниво на шеќер во крвта може да влијае на правилното функционирање на имунолошкиот систем.

Чувствителност на кожата

Хронично висок шеќер во крвта може да ги оштети нервите, тоа е дијабетична невропатија која ги погодува нозете, стапалата и рацете. Може да се почувствува пецкање, печење, болка и грчеви.

Ненадејно губење на тежината

Луѓето со висок шеќер во крвта често може да се чувствуваат гладни бидејќи високиот шеќер всушност го спречува телото да внесува гликоза, па телото бара повеќе храна.

Иако човек јаде повеќе, тој може да изгуби тежина бидејќи телото ги согорува резервите на маснотии за енергија.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име