Дома Здравје Се будите со главоболка? Еве што треба да знаете за оваа состојба

Се будите со главоболка? Еве што треба да знаете за оваа состојба

936
0

Утринските главоболки се многу чести и се јавуваат поради повеќе причини, според Амит Сачдев од Одделот за невромускулна медицина на Државниот универзитет во Мичиген, според Yahoo .

Понекогаш главоболките се јавуваат ретко и не се значаен проблем, но ако често чувствувате главоболка, тоа е обично специфична причина и најчесто постои начин да се спречи повторување на главоболката. Еве кои се причините поради кои ве боли глава.

Страдате од несоница

Недостатокот на сон е голем поттик за главоболки воопшто, а студиите покажаа дека нарушувањата на спиењето често ја придружуваат главоболката.

Ако редовно ви е тешко да заспиете или често се будите во текот на ноќта, а кога ќе се разбудите наутро се чувствувате уморни и исцрпени, постои можност да се борите со нарушувања на спиењето и дека тоа придонесува за неподнослива главоболка.

Несоницата може да биде голем проблем или симптом на други проблеми како ментални нарушувања или хроничен стрес. За да дознаете за што точно се работи, разговарајте со вашиот лекар.

Имате апнеја

Апнејата е сериозна состојба која предизвикува да престанете да дишете за време на спиењето. „Кога спиете, не сте ни свесни за тоа, но апнеата може да биде причина за утрински главоболки.

Настанува поради недостаток на кислород и зголемен притисок кој се развива во главата“, објаснува неврологот Вернон Вилијамс од Лос Анџелес. Ако страдате од апнеја, не можете сами да дознаете.

Но, ако вашиот партнер често се жали на гласно ‘рчење навечер или дека е исцрпен иако сте спиеле доволно, време е да посетите матичен лекар кој ќе ви каже кои чекори да ги преземете понатаму.

Имате мигрена

Мигрената може да се појави во секое време од денот, но кај повеќето луѓе се јавува во текот на ноќта или во раните утрински часови. Истражувањата покажуваат и дека мигрените следат одреден циклус, што значи дека луѓето кои страдаат од мигрена обично ги имаат во истиот временски период.

Значи, можно е главоболката со која се будите да е всушност мигрена која ве нападнала додека сте спиеле. „Мигрените често имаат генетска причина, што значи дека не можете да влијаете дали ќе ја добиете или не.

Но, можете да научите како да се справите со тоа. Клучно е да се открие што предизвикува мигрена – стресот, недостатокот на сон и лошата исхрана се меѓу најчестите причини и дефинитивно треба да се избегнуваат“, советува д-р Сачдев.

Ако мислите дека имате мигрена, закажете состанок со специјалист кој ќе ви помогне да ја идентификувате причината и да ве советува кој третман да го изберете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име