Дома Здравје Рузмарин – за душа и тело

Рузмарин – за душа и тело

504
0

Успешно помага и при анемија, особено кај децата, го подобрува апетитот и расположението, ја подобрува работата на желудникот, ја смирува нервозата, го отстранува стравот.

Ароматичниот рузмарин е уште еден во низата лековити „бисери“. Старите Грци и го посветиле на божицата Афродита, унгарската кралица Елизабета го користела за подмладување, а тука е незаменлив детал на свадбите. Уште од античко време се верувало дека неговите игли ја ублажуваат болката, па древните народи го нанесувале на рани.

Успешно помага и при анемија, особено кај децата, го подобрува апетитот и расположението, ја подобрува работата на желудникот, ја смирува нервозата, го отстранува стравот. Исто така, ги ублажува менструалните болки и го регулира неправилниот циклус. Чајот и лапа од рузмарин ги намалуваат главоболките кои настануваат поради стрес, пишува Новости, а пренесува Б92.

Ова растение позитивно влијае на концентрацијата и функцијата на мозокот, значително го намалува ризикот од мозочен удар и Алцхајмерова болест. Докажано е дека ја подобрува меморијата, поради што се нарекува „растение за меморија“. Има силно антибактериско и антиспазмодично дејство, па ги опушта мускулите и го штити организмот од бактерии.

Се користи како зачин во храната, а поради пријатниот мирис и лековитите состојки се користи и за козметички цели. Од рузмарин се прават тинктури, масла и мелеми. За чај најдобро е да користите свежи гранчиња со или без цвеќе. Врзете ги во снопови, исушете ги на темно и ветровито место.

Маслото од ова растение го отстранува заморот, ја ублажува напнатоста при ненадеен стрес и помага при инфекции на очите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име