Дома Здравје Кралскиот зачин – цимет

Кралскиот зачин – цимет

449
0

Циметот е зачин кој најмногу го поврзуваме со слатки, но има многу предности кои го прават корисен во секојдневната исхрана.

Се препорачува да се користи органски цимет, а не од полиците на супермаркетите. Еве за што е сето тоа.

Го забрзува метаболизмот

Циметот често се наоѓа на листата на намирници што треба да ги јадете доколку сакате да изгубите тежина. Има способност да го ревитализира метаболизмот, со што поефикасно слабеете. За да го искористите максимумот од оваа придобивка, ќе треба да консумирате најмалку една лажица дневно.

Го намалува нивото на лошиот холестерол

Циметот помага во намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот во телото, оставајќи го нивото на добриот холестерол непроменето.

Го одржува нивото на шеќер во крвта стабилно

Циметот се препорачува за дијабетичари бидејќи природно го регулира нивото на гликоза во крвта. Стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта обично резултира со природно губење на тежината, но не се потпирајте само на цимет.

Ја зголемува циркулацијата

Циметот го „грее“ телото и го подобрува протокот на крв. Срцето има најголема корист од зголемениот проток на крв, бидејќи тоа значи намалување на отчукувањата на срцето и намалување на крвниот притисок. Подобрата циркулација го зголемува и сексуалниот нагон кај мажите и жените.

Антибактериски својства

Циметот делува како антибактериски агенс во организмот и е корисен за лекување на голем број проблеми. Затоа се препорачува за стомачни проблеми бидејќи ги исфрла штетните бактерии од дигестивниот тракт. Од истата причина, циметот е лек за акни, бидејќи ги уништува бактериите на кожата.

Ги спречува срцевите заболувања

Поради неговата претходно спомената способност да го намали нивото на холестерол и да ја подобри циркулацијата, циметот може да се користи и за спречување на срцеви заболувања. Секако, нема да ви помогне само циметот, бидејќи треба да се храните здраво и редовно да вежбате.

Антивоспалителни својства

Циметот можете да го користите во лечење на разни воспаленија. Од зачините, освен циметот, такви својства имаат и карито, куркумата и ѓумбирот – исто така одлични помагачи во случај на артритис.

Ги балансира хормоните

Ова, ќе се согласите, е многу важно за жените. Го намалува производството на тестостерон и го зголемува производството на прогестерон.

Ги подобрува функциите на мозокот

Циметот може да му помогне на вашиот мозок да работи подобро. Наместо да користите енергетски пијалоци или други вештачки пијалоци, додадете малку цимет во пијалокот од кафе.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име