Дома Твој готвач Рецепт: торта со кикирики и чоколада (посно)

Рецепт: торта со кикирики и чоколада (посно)

2288
0

Рецепт: торта со кикирики и чоколада (посно)

Фантастична торта што не се пече.

Состојки:

Подлога:

  • 130 гр кокосово брашно
  • 80 гр путер од кикирики
  • 80 гр излупени несолени кикирики
  • 50 гр какао
  • 4 лажици мед
  • 1 лажица вода

Полнење:

  • 200 гр путер од кикирики
  • 70 гр путер
  • 70 гр мед
  • прстофат сол

Глазура:

  • 100 гр темно чоколадо
  • 1 лажица мазен путер од кикирики
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица мед

Подготовка:

Подлога: Сите основни состојки измешајте ги во блендер додека не добиете густа и леплива смеса. Ако сметате дека смесата е премногу сува, додадете уште малку мед, а ако е премногу влажна додадете малку кокосово брашно.

Префрлете ја смесата во помал правоаголен или квадратен калап и добро притиснете го до дното. Оставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.

Фил: Сите состојки за филот се ставаат во сад и се мешаат околу три минути додека не се добие мазна и сјајна смеса. Путерот мора да биде на собна температура, па половина час пред мешањето извадете го од фрижидер. Готовиот фил прелијте го со изладената основа, па вратете сè во фрижидер еден час.

Глазура: Во сад ставете путер, чоколадо и мед и стопете ги на умерена температура. Кога состојките ќе се растворат и кога ќе ги соедините со лажица, додадете една лажица путер од кикирики и сето убаво измешајте, па прелијте со колачот. Вратете го во фрижидер добро да се излади, околу три часа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име