Дома Твој готвач Рецепт: Топчиња од костени и чоколадо

Рецепт: Топчиња од костени и чоколадо

901
0

Рецепт: Топчиња од костени и чоколадо

Пире од костен и темно чоколадо – добитна комбинација.

Состојки:

  • 200 гр темно чоколадо (70% какао)
  • 100 гр пире од костен
  • 150 мл слатка павлака
  • 75 гр кафеав шеќер
  • Какао

Подготовка:

Во тенџерето ставете го чоколадото кое го исечкате на помали парчиња, пирето од костени, шеќерот и слатката павлака и сè растопете на пареа.

Се лади на собна температура и се става во фрижидер три до четири часа, по можност преку ноќ.

Со лажица земајте ја масата која се стврднала преку ноќ и обликувајте ја во топчиња

Можете прво да ги направите сите и да ги ставите на плех кој сте го обложиле со хартија за печење и потоа да ги валкате во какао или да ги направите и веднаш да ги завиткате во какао.

По желба ставете во корпи или во кутија. Да се ​​чуваат на ладно место.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име