Дома Твој готвач Рецепт кој ќе ви го разубави денот: Сочни карамелизирани копани од рерна

Рецепт кој ќе ви го разубави денот: Сочни карамелизирани копани од рерна

1250
0


Пилешкото е едно од омилените јадења во многу семејства, а копаните и наскопаните со овој сочен прелив ќе ги сакаат сите. Откако ќе го пробате овој сос, веруваме дека со задоволство ќе го подготвите бидејќи се потребни околу 5 минути за да се подготви, не сметајќи го времето за печење и само неколку едноставни состојки.

Потребни состојки:

  • килограм копан со надкопан
  • 5 лажици масло
  • 5 лажици соја сос
  • 4 лажици кечап
  • 3 лажици мед
  • 2-3 чешниња ситно сечкан лук
  • сол, бибер

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Месото се става во тавче, па се меша маслото, соја сосот, кечапот, медот, лукот, солта и биберот во сад. Добиената смеса прелијте ја врз пилешкото.
  3. Се пече во рерна околу еден час.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име