Дома Твој готвач Рецепт за торта со круши

Рецепт за торта со круши

503
0

Рецепт за торта со круши

Доколку ви се допаѓа комбинацијата од ванила, какао во прав и круши, ова е вистинскиот рецепт за вас.

Состојки:

– 4 јајца

– 1,5 шолји шеќер

– 2 чаши павлака (вкупно 360 гр.)

– 2 лажици масло

– 4 лажици какао во прав

– 2 лажички цимет

– 1/4 лажичка ѓумбир

– 1 кесичка ванилин шеќер

– 2 лажици рум

– 2 чаши брашно

– 1 кесичка прашок за пециво

– 6-8 мали круши

За посипување:

  • шеќер во прав
  • чаша е 2 дл

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќер, па се мешаат во павлаката и маслото.

Потоа додадете: цимет, ѓумбир, ванилин шеќер, рум, брашно и прашок за пециво.

(Предходно просејте го какаото во прав за да нема грутчиња.)

Соединете ги сите состојки.

Со хартија за печење обложете два калапи за леб или еден поголем плех (димензија на рамката 20х25 см) и истурете ја смесата.

Излупете ги крушите и наредете ги цели или исечете ги на помали парчиња.

Колачот со круши се пече во рерна загреана на 150 степени 45 минути.

Изладениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име