Дома Нега и убавина Домашна маска за обновување на косата: Направена е од 2 состојки кои...

Домашна маска за обновување на косата: Направена е од 2 состојки кои веќе ги имате во вашата кујна

437
0

Домашна маска за обновување на косата: Направена е од 2 состојки кои веќе ги имате во вашата кујна

Кокосовото масло заслужено има важно место во индустријата за нега и убавина. Не ја мрсни косата, може да се користи пред и после миење на косата, како маска или регенератор.

Заедно со ова масло, медот е и честа состојка во домашните маски за коса, бидејќи и двете состојки на косата и ја обезбедуваат потребната хидратација и нега.

Потребни состојки:
1 лажица кокосово масло

1 лажица мед

Подготовка:
Состојките ставете ги во сад и загрејте ги малку на тивок оган. Топлината на маската ќе им овозможи на фоликулите на косата да се отворат и да ги добијат сите хранливи материи. Во зависност од тоа колку ви е долга косата, можете да ја зголемите дозата на состојки.

Маската може да се користи на сува и влажна коса. Поделете ја косата на прамени и нанесете ја смесата по целата должина, до врвовите на косата, избегнувајќи го коренот. Користете чешел за да ја раширите маската рамномерно насекаде. Ставете капа и оставете ја маската да отстои најмалку 40 минути.

Потоа измиејте ја косата нормално.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име