Дома Твој готвач Рецепт за „зачинето“ топло чоколадо со рум и цимет…

Рецепт за „зачинето“ топло чоколадо со рум и цимет…

692
0

За време на зимските вечери, ние само сакаме да се навлечеме во нашето омилено ќебе со чаша топол пијалок и да уживаме во добра серија или филм. Студените вечери дополнително можете да ги разубавите со малку топло чоколадо, но наместо класичната верзија, пробајте ја оваа зимска со додаток на рум и цимет.

Ова е рецепт за целото семејство…

СОСТОЈКИ:

– 1л млеко,

– 200 г темно чоколадо,

– 200 мл слатка павлака,

– 1 лажичка цимет во прав,

– 5 лажици рум,

ПОДГОТОВКА: Ставете ги млекото, слатката павлака, румот и циметот во тенџере на оган. Оставете да зоврие на средна топлина. Кога сè ќе зоврие, тргнете го од оган и веднаш додадете го чоколадото. Мешајте добро со жица за матење додека не се стопи целото чоколадо и не се комбинира со течноста. Истурете во чаши и послужете веднаш.

Топлотото чоколадо можете да го декорирате со шлаг слатка павлака, слезови колачиња или некој друг додаток доколку сакате.На здравје!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име