Дома Родители и деца Псоријазата може да се појави и кај децата – внимавајте на симптомите

Псоријазата може да се појави и кај децата – внимавајте на симптомите

910
0

Псоријазата може да се појави и кај децата – внимавајте на симптомите

Иако сè уште не постои вистински лек за псоријаза, постојат одредени третмани и препарати

Псоријазата е хронична болест чии симптоми може да се појават насекаде по телото. Најчестите промени се јавуваат на скалпот, колената, лактите и трупот. Иако многумина мислат дека псоријазата е болест на возрасните, не е реткост да се појави во детството, пишува „Кидс Хелт“.

Иако симптомите на оваа болест се разликуваат од дете до дете, најчести се лушпите и црвените дамки на кожата, кои обично се придружени со силно чешање. Покрај гореспоменатите промени на кожата, псоријазата се појавува и на ноктите на детето, предупредуваат дерматолозите.

Најчести се промените на плочката на ноктите во вид на мали вдлабнати точки, белузлави бои на ноктот или негово распаѓање.

Ако се работи за псоријаза, зафатени се сите нокти, па затоа е прилично лесно да се забележи веднаш штом ќе се појави. Понекогаш се појавуваат и поголеми вдлабнатини на плочката за нокти, познати како линии на Бо.

Како што нагласуваат експертите, иако се уште не постои вистински лек за псоријаза, постојат одредени третмани и препарати кои ги ублажуваат непријатните симптоми и барем делумно им го олеснуваат секојдневието на заболените од неа.

Тие вклучуваат: креми, лосиони, масти и шампони како што се навлажнувачи, кортикостероиди, креми со витамин Д и шампони направени со салицилна киселина или јаглен катран, како и одредени лекови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име