Дома Твој готвач Посни полнети пиперки без масло (рецепт)

Посни полнети пиперки без масло (рецепт)

2133
0

Посната храна без масло е на менито оваа недела. Денешниот предлог за ручек нека бидат посни полнети пиперки без масло. Лесна храна која е богата со здрави состојќи.

Состојки:

свежи пиперки,
печурки,
доматно пире,
ориз,
праз,
сол,
бибер,
магдонос

Количината на состојќите одредете ја сами во зависност колку пиперки ќе полните.

Подготовка:

Во вода продинстајте ги печурките и празот, сварете го оризот, соединете сè и додадете ги наведените зачини. Наполнете ги пиперките со смесата, наредете ги во тавче, прелијте ги со доматното пире и малку вода и печете на умерена температура. За сосот ба биде погуст во доматното пире можете да додадете една лажица густин доколку сакате.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име