Дома Твој готвач Подгответе печен крап на брз начин!

Подгответе печен крап на брз начин!

1009
0


Богатството на незаситени масни киселини, белковини, витамини и минерали ја прават рибата да биде една од најквалитетната храна, a нејзината консумација посебно придонесува за целокупното здравје. Барем еднаш неделно се препорачува да се јаде риба.
Рецептот е многу едноставен во однос на состојките, брзо и лесно се подготвува.

Потребни состојки:
2 килограми крап
сол
бибер
лимон
200 мл. маслиново масло
200 мл. бело вино
1 главица кромид
две чешниња лук
2 моркови
магдонос

Начин на подготовка:
Исчистете ја рибата. Направете засеци. Зачинете со сол и бибер, убаво и во внатрешната и од надворешната страна. Ставете го во тава за печење. Исечете ги кромидот, лукот, морковите и магдоносот, дел ставете во внатрешноста на крапот, дел во тавата за печење. Додајте по едно парче лимон на секј засек. Прелијте со 200 милилитри масло и 200 милилитри бело вино. Печете 1час и 15 минути на 200 степени.
Како гарнир може да додадете варен ориз или варен компир. Послужете со зелена салата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име