Дома Психолошки совети Пет кратки совети против стрес

Пет кратки совети против стрес

802
0

Сите ние би сакале помалку обврски, подолг ден, помирен живот… И денес можете да му свртите грб на стресот – ако сакате.

Една од најголемите стапици на стресот е тоа што тој се „храни“. Ве уверува дека немате време да најдете време… Еве како да започнете да се борите со стресот, дури и кога „немате време“.

Најдете ја вашата изрека


Запомнете три до пет изреки кои ќе ве вратат во живот кога работите ќе тргнат наопаку. На пример, „Јас можам да го направам тоа“ или „Она што не ме уништи ќе ме направи посилен“. Или замислете убава слика која ќе ви послужи како прибежиште во моментите на стрес: поглед од најубавото место на плажата, патека во шумата по која сакате да пешачите или нешто друго, особено драго за вас.

Бидете благодарни


Тешко е да бидете благодарни ако сте под стрес. Одвојте пет минути дневно за да се заблагодарите за сите подароци на животот. Започнете со вдишување и издишување, изворот на сето тоа е животот.

Одете во вистинската насока


Направете листа на настани кои ве направиле среќни во текот на денот и оние кои ви ја одземале енергијата. Ова ќе ви олесни да видите по кој пат да одите.

Започнете со мали работи


Не оптоварувајте се со големи промени, почнете со мали работи. Променете го, на пример, она што го јадете за појадок. И тоа може да биде првиот чекор на патот што ќе ве доведе до животот што го посакувате.

Редефинирајте ги вашите цели


Една кинеска поговорка вели: ако имате проблем што не можете да го решите, тогаш тоа можеби повеќе не е ваш проблем. Ако долго време се стремите кон нешто, а животот добро функционира без тоа, запрашајте се дали ви треба таа наводна грижа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име