Дома Твој готвач Од едно тесто добивате две погачици: ЈОГУРТ-ПОГАЧА подобра од најмекиот леб или...

Од едно тесто добивате две погачици: ЈОГУРТ-ПОГАЧА подобра од најмекиот леб или пециво (РЕЦЕПТ)

1798
0

Од едно тесто добивате две погачици: ЈОГУРТ-ПОГАЧА подобра од најмекиот леб или пециво (РЕЦЕПТ)

Погачата со јогурт е идеален рецепт за сите оние кои го сакаат вкусот на домашните теста! Можете да го јадете за појадок, ручек и вечера, а многу лесно се подготвува.

Компоненти:

1 чаша јогурт

1 чаша топла вода

4 супени лажици шеќер

1 лажица сув квасец (10 g)

1 чаша масло

2 јајца

лажица црн сусам

една лажица сусам

една лажичка сол

840 гр брашно

За премачкување:

1 жолчка од јајце

лажица масло

Подготовка:

Убаво измешајте ги јогуртот, водата, шеќерот и квасецот. Во сад сипете го брашното, постепено додајте сол, сусам, црн сусам и масло.

Мешајте цело време, па додадете ги јајцата.

Промешајте, па додадете ја смесата со јогурт.

Прво соединете со процесор, а потоа со раце измесете го тестото. Покријте и оставете го да отстои еден час.

Тестото префрлете го на набрашнета површина, замесете и поделете го на два дела. Првиот дел од тестото развлечете го во форма на круг со дијаметар од 35 см и префрлете го на хартијата за печење.

Направете со прстите вдлабнатини.

Користете вилушка за да се пробиете во кругот (како на сликата).

Намачкајте со изматена жолчка во која сте додале масло. Префрлете со хартија за печење во плех и печете на 180°C околу 25 минути. На ист начин направете погача од другата половина од тестото.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име