Дома Здравје Овие намирници се здрави и се дозволени да се консумираат пред спиење

Овие намирници се здрави и се дозволени да се консумираат пред спиење

823
0

Доволен број часови спиење е многу важен за здравјето на луѓето и нормалното функционирање во текот на денот. Доброто и квалитетно спиење го намалува ризикот од хронични болести и ја подобрува функцијата на мозокот и го подига имунитетот.

Иако експертите препорачуваат седум до девет часа сон за возрасни, многу луѓе се борат да дојдат до таа бројка кога станува збор за спиење. Има многу причини за тоа, а само една од нив е храната што ја јадеме непосредно пред спиење. Некои намирници едноставно се премногу тешки за да се консумираат пред спиење.

Подолу ви пренесуваме листа на храна и пијалоци кои се безбедни и здрави за да ги внесете навечер.

Бадеми

Бадемите се богати со хранливи материи како што се магнезиум, фосфор, рибофлавин и влакна и антиоксиданси. Покрај тоа, тие се добар извор на мелатонин, што значи дека совршено ќе ги заменат нездравите грицки кои сакаме да ги внесуваме додека гледаме филм пред спиење.

Чај од камилица

Камилицата е позната по своите корисни ефекти врз човечкото тело. Богат е со антиоксиданси кои ги спречуваат воспалителните процеси и го зголемуваат квалитетот на сонот.

Мисиркино месо

Покрај тоа што е богата со протеини, што е многу важно кога станува збор за квалитетен сон, мисирка е богата и со триптофан, есенцијална аминокиселина, која е важна за спиење и добро расположение.

Природен сок од цреша

Истражувањата покажаа дека консумирањето на околу 240 мл природен сок од цреша два пати на ден го продолжува спиењето за 84 минути. Овој сок е природно богат со мелатонин, кој придонесува за поубав и поквалитетен сон.

Овесна каша

Овесната каша е богата со јаглени хидрати и влакна и докажано е дека го намалува чувството на поспаност и утринскиот замор доколку се консумира пред спиење. Исто така, овесната каша е богат извор на мелатонин.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име