Дома Здравје Ако сакате да јадете јајца, време е да ги откриете и негативните...

Ако сакате да јадете јајца, време е да ги откриете и негативните страни

905
0

Дали некогаш сте се запрашале дали има количина на јајца која е доволна за неделен внес?

Или можеби колку јајца се всушност здрави за консумирање?

Како што пренесува Freundin , Државниот центар за исхрана не советува да не консумираме повеќе од три јајца неделно.

Само три јајца неделно? Имено, јајцата имаат 200 грама холестерол, а треба да имате на ум дека дневниот внес на холестерол е 300 грама. Ако ги следите овие препораки, вашето тело ќе добие само добри и здрави состојки од јајцата.

Колку навистина се здрави јајцата

Јајцата се богати со витамини и минерали, како што е селен. Селенот помага во борбата против вишокот килограми, а исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Заштитува и од слободните радикали, и надвор и внатре. Уште една добра вест – вашата кожа ќе блесне. Витаминот Б2 го има и во јајцата. Добро е за здравјето на косата и ноктите.

Јајцата се добри и за намалување на ризикот од срцев удар. Покрај тоа, јајцата поради својот состав се одлични за ослободување од стрес, а ја поттикнуваат и концентрацијата.

Многумина во желбата да одржат витка линија често ја отфрлаат жолчката, но тоа е сосема погрешно. Жолчката од јајце е богата со состојки кои го намалуваат ризикот од одредени очни болести. Јајцата се богати и со витамин Д, кој е неопходен за здравјето на коските.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име