Дома Твој готвач Оваа одлична здрава закуска е многу лесно да се направи

Оваа одлична здрава закуска е многу лесно да се направи

1166
0

Единствено што ви треба е конзервирана наут и неколку зачини.

Ако често ви треба нешто за грицкање, но ви здосади пуканки и избегнувате производи од продавница, пробајте го овој вкусен рецепт кој наутот го претвора во совршена ужина.

Наутот е преполн со цинк, растителни влакна, фолна киселина и протеини, а најдобро од сè, рецептот можете да го приспособите на свој вкус. Ако не ви се допаѓа куркумата, едноставно додадете повеќе лук во прав или мелен црвен пипер – и совршената закуска е подготвена.

Состојки:

1 конзерва наут, исцедена

1 лажица маслиново масло (или спреј со маслиново масло)

1 лажичка сол

1 лажичка чили пипер во прав

два прстофат ким

прстофат мелен коријандер

1 лажичка кари во прав

1 лажичка лук во прав

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 °C. Наутот исцедете го во сито и оставете го целосно да се исуши. Доколку е потребно, исушете со хартиена крпа.

Наредете го на плех обложен со хартија за печење во еден слој и печете околу 35 до 45 минути, протресувајќи ја тавата на секои десет минути.

Сите печки се различни, затоа внимавајте да не изгорат. Кога наутот ќе биде готов, ќе биде златно кафеав и крцкав.

Измешајте ги сите зачини во средна чинија. Кога ќе завршите, извадете ги наутот од рерна и попрскајте ги со маслиново масло. Зачинете веднаш додека е уште топло. Оставете да се излади и консумирајте!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име